Дома Фудбал Останато Кака најплатен во Америка, Швајнштајгер дури на 7-мо место!

Кака најплатен во Америка, Швајнштајгер дури на 7-мо место!

Бразилскиот фудбалер Кака, кој ги браните боите на Орландо, се наоѓа на првото место според заработката во американската МЛС лига.

Платата на некогашниот ас на Милан и Реал изнесува 7.167.500 долари со вклучени даноци, плус одредени бонуси.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На второ место според примањата се наоѓа напаѓачот на Торонто, Себастиан Џовинко кој годишно заработува 7.115.555 долари. Она што е интересно е дека платата на Кака е за еден милион поголема од онаа на Џовинко, но данокот кој го плаќа клубот за Италијанецот е поголем

Соиграчот на Џовинко, Мајкл Бредли е трет на листата со заработика од точно 6.500.000 долари.

Интересно, новата ѕвезда во МЛС лигата, Бастиан Швајнштајгер, кој пред неколку недели го засили Чикаго има плата од „само“ 4.500.000 долари. Таа сума му го донесе 7-то место на листата, а пред него се наоѓаат Андреа Пирло, Давид Виља и Џовани дос Сантос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

На познат словенечки фудбалер му се заканува затворска казна од пет години

На познатиот словенечки фудбалер Тим Матавж (35) му се заканува петгодишна затворска казна…