Едисон Кавани во јануари најверојатно ќе ја напушти екипата на ПСЖ. По сето она што се случи, но и поради заканата за исклучување од Лигата на Шампионите, Уругваецот бара излез.
Ситуацијата е таква што по непристојните понуди Парижаните и сето она што се случува во соблекувалната, Кавани сака да си оди што побрзо, ниту „Светците“ нема да го чекаат јуни, бидејќи продажбата на напаѓачот би им овозможила да го избеднат она што е најлошо, односно исклучувањето од Лигата на Шампионите.
Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓
Но, опциите на Кавани се тесни. Италијанските клубови немаат толку пари, ниту за оштета, ниту за плата, Наполи и Милан го сакаат, но неговата мета Реал Мадрид, не е особено заинтересирана.
Премиер лигата останува единственото решение. И тоа, Евертон. Како што пишуваат англиските медиуми, „Карамелите“ не успеаа да го доведаот Диего Коста, кој ги одби, иако и Челзи и тој можеа да заработаат повеќе пари, па тие пари би можеле да бидат инвестирани во Кавани.
Уругваецот би добил нешто повеќе од оние 10 милиони евра колку има во Париз, а ПСЖ би можела да смета на околку 75 милиони евра оштета. Тоа е и најмногу што може да го добијат во овој момент, кога изгледа дека се ќе се распадне, дека атмосферата во тимот е лоша и дека Кавани е во тесно, односно дека бразилскиот клан е на страната на Нејмар и дека сите очекуваат Кавани да си замине.
Дали овој трансфер ќе биде најголемиот во јануарскиот трансфер период, ако се случи? Најверојатно да, Емери ќе го префрли Мбапе на позицијата класичен напаѓач, а шанса чека Дракслер кој не си замина од клубот, иако заинтересирани беа Реал и Арсенал.