Дома Фудбал Италија Донарума: Одбив богати понуди за да останам во Милан!

Донарума: Одбив богати понуди за да останам во Милан!

Младиот италијански голман, Џанлуиџи Донарума ова лето беше во центарот на вниманието, бидејќи се шпекулираше дека речиси сигурно ќе го напушти Милан и ќе се пресели во некој друг клуб.

Откако се појавија информации дека Донарума не сака да го продолжи договорот со Милан, овој млад голман се најде на голем удар од навивачите на овој клуб. За време на Европското првенство до 21 година, Донарума доживеа големи проблеми кога незадоволните навивачи на Милан му фрлаа лажни пари на теренот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Иако многумина беа речиси сигурни дека овој 18-годишен голман ќе го напушти Милан, на крајот Донарума одлчи да остане на „Сан Сиро“. Откако сето ова заврши, призна дека потезите на навивачите и италијанските медиуи го повредиле, но повеќе не сака да зборува за тоа.

„Не ми беше лесно кога отидов на Европското, бидејќи доживеав многу непријатности. Бев многу лут кога ми фрлаа лажни пари. Својата одлука сакав да ја соопштам по Европското, но не ме сватија. Парите никогаш не ми беа на првото место. Сакам да уживам во својата кариера, да сум среќен со семејството“, изјави Донарума.

„Признавам дека имав некои понуди, но во моето срце има само еден клуб и никогаш не размислував за некој друг освен Милан. Искрено, бев загрижен како ќе изгледа враќањето на Сан Сиро, бидејќи не знаев како навивачите ќе реагираат. Сепак, беше се како што треба и среќен сум што конечно сето тоа заврши“, додаде Донарума.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

На познат словенечки фудбалер му се заканува затворска казна од пет години

На познатиот словенечки фудбалер Тим Матавж (35) му се заканува петгодишна затворска казна…