Дома Топ вести Берлускони: Донарума не е на продажба!

Берлускони: Донарума не е на продажба!

Според најавите на медиумите голманот на Милан, Џанлуиџи Донарума ќе биде прва ѕвезда во летниот преоден рок, но првиот човек на „росонерите“ Силвио Берлускони категорично го демантираше тоа.

Брилјантниот 18-годишен чувар на мрежата е на мета на Јувентус, Реал Мадрид и Манчестер Сити, па во медиумите дури се споменува и сума од 100 милиони евра која ќе биде платена за неговиот потпис.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сепак, Берлускони тврди дека Џиџио е наследство на Милан и уште долго ќе остане во таборот на „росонерите“.

Донарума е дел од наследството на овој клуб и дефинитивно не е на продажба. Тој е прекрасен продукт на нашата школа и чувствува силна поврзаност кон клубот и напите бои. Едноставно е неверојатен“, изјави Берлускони.

Донарума иако има само 18 години веќе запиша 63 настапи за Милан и стана најмладиот дебитант во историјата на италијанската репрезентација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

„Бомба“: Леао за 120 милиони во Премиер лигата

Манчестер Сити е сериозно заинтересиран за ѕвездата на Милан, Рафаел Леао, пренесуваа…