Дома Топ вести Барселона нема време за чекање – Нејмар денес ја соопштува одлуката?

Барселона нема време за чекање – Нејмар денес ја соопштува одлуката?

После фотографијата која ја објави Жерар Пике се очекува Нејмар денес да излезе пред медиумите и да ја соопшти неговата конечна одлука, кога во прашање трансферот во ПСЖ.

Шпекулациите се дека Бразилецот ова лето ќе ја промени средината и дресот на Барселона ќе го замени со оној на ПСЖ за рекодна сума, станувааа се погласни во последните неколку денови.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Многу информации беа пласирани во јавноста кои покажуваа дека ПСЖ навистина има сериозна намера да го доведе Нејмар и дека Бразилецот и неговото семејство се заинтересирани за преговори.

Но, работите се измешаа кога дефанзивецот на Барселона, Жерар Пике, објави фотографија со Нејмар под која напиша „Останува“.

Многумина се запрашаа дали се работи за шега или пак фотографијата на Пике беше демант на сите шпекулации во медиумите или пак во прашање е нешто трето. Токму поради тоа се очекува Бразилецот денес да излезе во јавноста.

Управата на Барселона смета дека повеќе нема место за шпекулации и дека Нејмар е должен јавно да го изнесе својот став и да порача дека немаа намера да го напушти „Ноу Камп“.

„Мундо Депортиво“ пишува дека Нејмар ќе има прилика јавно да се изјасни пред почетокот на денешниот тренинг кој е закажан за 15:30 часот по средноевропско време, односно 21:30 по локално време бидејќи фудбалерите на Барселона се наоѓаат во САД.

Претставниците на Барселона му оставија и други опции како огласување на Нејмар преку друштвените мрежи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

„Бомба“: Леао за 120 милиони во Премиер лигата

Манчестер Сити е сериозно заинтересиран за ѕвездата на Милан, Рафаел Леао, пренесуваа…