Дома Трансфер зона Барса заинтересирана за три играчи – Две познати, новото име е играчот на Челзи

Барса заинтересирана за три играчи – Две познати, новото име е играчот на Челзи

Вистински губитник во досегашниот дел од трансфер периодот на фудбалскиот пазар е Барселона.

Останаа без Нејмар, доведоа тренер кој никогаш не водел клуб од самиот врв, а на „Камп Ноу“ се уште не е доведен ниту еден играч кој би можел да влијае на играта на поранешниот шпански и европски шампион.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Преговори има многу, но засилувања се уште нема. Точно, доведен е Паулињо, но тој не е крило кое би можело да го замени магичниот сонародник кој се пресели во ПСЖ. Добар играч, но не некој кој ќе може да реши натпревари.

Како што привршува трансфер периодот, расте и бројот на потенцијални засилувања на Барса, а медиумите денеска пренесуваат дека во игра останаа уште три имиња. Две беа познати уште претходно. Кутињо и Дембеле сакаат во Каталонија, а нивните клубови тактизираат и бараат некој милион повеќе свесни за своите преговарачки позиции.

Но, од вчера се шпекулира за едно сосема ново име. Како што пренесуваат бројни медиуми ширум Стариот континент, Барса е заинтересирана за играчот на Челзи, Вилијан, кој според проценките, ќе има многу проблеми во тимот кој има одлични играчи за врска. Бразилецот играше на почетокот на сезоната, но прашањето е дали ќе има доволно простор кога ќе закрепнат сите играчи на шампионот на Англија.

Со или без него, Барса во претсезонската сезона ќе има многу проблеми. А копјето ќе се скрши во последните седум дена од трансфер пазарот. Кој знае, можеби нешто се подготвува, можеби е време Барса конечно да изненади со некоја трансфер бомба…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го враќа Верати во Европа

Приоритет на Каталонците во летниот преоден рок ќе биде доведување на квалитетен играч за …