Дома Останати Авто Мото Розберг е нов светски шампион во Ф1!

Розберг е нов светски шампион во Ф1!

0 секунди
0
682

Луис Хамилтон триумфираше на завршната трка во Абу Даби, но Нико Розберг е новиот светски шампион откако заврши на втората позиција.

Нико Розберг ја започна трката за Големата Награда на Абу Даби од втората позиција, веднаш покрај Хамилтон и од почетокот до крајот извозе мирна трка. Без многу ризици и без неочекувани стратегии со пит-стопот. Иста стратегија имаше и Хамилтон, но неговата победа ќе остане занемарена покрај конечниот исход во борбата за титулата.

Досегашниот актуелен светски шампион се надеваше дека Ферстапен или Фетел можат да му завршат работа со притисок врз Розберг, но тоа не се случи. Трет низ целта помина Себастијан Фетел.

Розберг на овој начин стана и третиот Германец по Шумахер и Фетел кој успеа да стигне до толку посакуваната титула во Ф1 шампионатот.

Прочитајте поврзани статии
Повеќе P. K.
Load More In Авто Мото

Проверете

Видео: Боксерски судија настрада среде борба!

Светскиот шампион во верзијата на светската боксерска асоцијација WBC во супер средна кате…