Баерн Минхен во Интернационалиот Куп на шампиони го победи Пари Сен Жермен со 3:1, а тоа воедно се и први натпревари на новиот стратег на „светците“, Томас Тухел.
ПСЖ поведе со голот на Тимотни Веа, 18 годишниот син на славниот Џорџ Веа кои своите најдобри денови покрај Милан и Монако и ги помина токму во дресот на ПСЖ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Младиот Тимотни од својата 14-та година е во академијата на клубот од Париз, а до тогаш првите чекори ги поминуваше на академијата во Флорида, Њујорк, па и во Лондон во младите селекции на Челзи.
Сега за медиумите беше интересна изјавата на младиот фудбалер, во која тврди дека неговата мајка е најзаслужна за неговата кариера, тоа не би било ништо чудно доколку татко му не е вистинска легенда во светот на фудбалот.
„Мојата мајка имаше најголемо влијание на мене. Ме научи на основите, беше мој прв тренер и ми даваше поддршка, додека мојот татко само делеше некои мали совети. Тој е ладен тим, само седи, одмара и ужива, меѓутоа неговите совети се исто така корисни“, објасни Тимотни.