Дома Фудбал Италија „Џокерот“ на Пиоли: Се почувствував како навивач на Милан, прекрасен роденденски подарок

„Џокерот“ на Пиоли: Се почувствував како навивач на Милан, прекрасен роденденски подарок

На почетокот на сезоната Сандро Тонали беше во втор план кај Милан, но како што сезоната се наближува кон крајот така младиот играч се претвара во вистински „џокер“ и херој на „росонерите“.

Тонали се трансформираше во вистински голгетер и во последниот период постигна навистина важни голови за Милан, вклучувајќи го и вчерашниот на тешкото гостување во Верона.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Милан со ова направи нов голем чекор кон титулата во Серија А и во последните две кола потребни им се само уште четири бода за да го обезбедат Скудетото.

„Прекрасен натпревар за сите нас, навивачите на Милан. Дојдовме тука за да победиме и да го продолжиме нашиот пат. Голот кој ни го постигнаа ни ги пресече нозете. Покажавме дека сме зрела екипа коа може да ги остави лошите работи зад себе и да тргне од „нула““, изјави Тонали кој вчера наполни 22 години.

„Кога го постигнав голот за 2:1 се почувствував како навивач на Милан. За мене тоа беше убав роденденски подарок, вечер која долго ќе ја паметам. Но, немаме многу време за славје, мораме да се насочиме кон натпреварот со Аталанта“, порача младиот фудбалер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Еден штрајкува да си замине од Њукасл, друг да дојде во Њукасл

Парадокс во Премиер лигата. Еден фудбалер штрајкува да си замине од Њукасл, друг штрајкува…