Њукасл се уште чека на првата победа во Премиер лигата.
Тимот од „Сент Џејмс Парк“ се наоѓа на последното место во Премиер лигата со седум бодови и до крајот на сезоната му претстои борба за опстанок. Таа борба би требало да биде значително лесната затоа што во јануари се очекуваат засилувања со новите богати сопственици.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Поранешниот англиски фудбалер Џо Кол откри дека има информации која сума ќе ја потроши Њукасл.
„Њукасл во јануари ќе потроши огромна цифра на нови играчи. Таа сума во јануари ќе изнесува измеѓу 200 и 300 милиони фунти. Новите сопственици не го преземаа клубот да си играат. Тие се најбогатите луѓе кои сум ги запознал. Бројката која ќе ја потрошат во јануари е измеѓу 200 и 300 милиони фунти“, изјави Џо Кол.
Во овој момент повеќе фудбалери се поврзуваат со Њукасл, а останува да видиме кој на крајот ќе пристигне во клубот.