На терените во англиската Премиер лига играат голем број квалитетни напаѓачи. Серхио Агуеро, Хари Кејн и Ромелу Лукаку се само некои од нив, но Џејми Варди во една статистичка категорија е пред нив.
Напаѓачот на „Лисиците“, зад кој стои занимлива животна приказна, е најдобар против најдобрите клубови во ПЛ.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Имено, тој од своето премиерлигашко деби во август 2014. година постигна повеќе голови против клубовите од големата шесторка од било кој друг напаѓач во истиот период.
Варди против тие клубови од август 2014. година одиграл 43 натпревари и постигнал 23 погодоци, додека следен на оваа листа е Серхио Агуеро со 20 погодоци, кој одигра и помалку натпревари (30) против екипите од големата шесторка.
После Агуеро следува голгетерот на Тотенхем, Хари Кејн со 18 голови и фудбалерот на Ливерпул, Садио Мане со постигнати 15 погодоци.
23 – Since his Premier League debut in August 2014, Jamie Vardy has scored more goals against ‘big six’ opposition than any other player in the competition (23 goals). Banged. pic.twitter.com/i12iQNYXIS
— OptaJoe (@OptaJoe) February 12, 2018