Дома Трансфер зона Џенова ја продава „машината за голови“ уште во јануари

Џенова ја продава „машината за голови“ уште во јануари

Најголемата сензација оваа сезона во Серија А, Криштоф Пијатек би можел да ја напушти Џенова уште во јануарскиот преоден рок, пренесува еминентниот „Газета дело Спорт“.

Полскиот напаѓач е вистинска „гол машина“ и од почетокот на сезоната има постигнато 14 гола во сите натпреварувања. Пијатек пристигна во Џенова ова лето за само 4 милиони евра, но италијанскиот клуб тешко дека ќе може да го задржи во своите редови.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


За него сериозен интерес покажуваат Јувентус, Интер, Баерн Минхен, Челзи и Борусија Дортмунд, кои се спремни да испратат богати понуди уште во јануари.

Џенова не ја искулучува можноста да го продаде Пијатек во зимскиот преоден рок, но сака да го задржи напаѓачот на позајмица до крајот на сезоната.

Цената на Полјакот во моментов изнесува помеѓу 20 и 30 милиони евра.

https://youtu.be/6YbJ0m7hsNU

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Слот пронајде наследник на Салах во Серија А: Ливерпул плаќа 85 милиони евра?

Како што стојат работите Ливерпул направи одличен потег со доведувањето на Арне Слот на кл…