Интер му ја отвори излезната врата на Един Џеко бидејќи сака со неговото заминување да направи место за Пауло Дибала.
Џеко има уште една година од договорот, но Интер е спремен да го пушти гратис, па агентите на напаѓачот веќе бараат нов клуб.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Вчера се појави вест дека бил понуден на Милан, но „росонерите“ одбиле да го ангажираат, а денес медиумите тврдат дека Босанецот е блиску до враќање во Премиер лигата.
Силен интерес за Џеко покажуваат Вулверхемптон и Њукасл, кои се спремни да му понудат двегодишен договор.
Интер сака што побрзо да се ослободи од Џеко и од неговата висока плата, за да го комплетира трансферот на Пауло Дибала.
Џеко се уште не прифатил ниту една понуда, но сериозно размислува да се врати во Премиер лигата.