Дома Фудбал Икарди пред заминување од Галатасарај, може да се врати во Италија!

Икарди пред заминување од Галатасарај, може да се врати во Италија!

Напаѓачот на Галатасарај, Мауро Икарди (32), би можел да ја продолжи својата кариера во Италија или Шпанија. Италијански медиуми допуштаат дека неговиот менаџер веќе стапил во контакт со Милан, Комо и Рома.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Аргентинскиот голгетер ја игра својата четврта сезона во турскиот гигант, каде досега има постигнато 69 гола и реализирано 22 асистенции. Со пристигнувањето на централниот напаѓач Виктор Осимен, како и крилниот напаѓач Лерој Сане, позицијата на Икарди во клубот се промени.

Иако оваа сезона постигна осум гола на 21 натпревар, само шест пати беше стартер во играта. Со оглед на тоа што неговиот договор со Галатасарај истекува на крајот на оваа сезона, постои можност во зимскиот трансфер период да замине во друг клуб. Италијанските медиуми дополнително информираат дека за него пројавуваат интерес и шпанските прволигаши Елче и Овиедо.

Во текот на кариерата, Икарди игрaше и за Сампдорија, Интер и ПСЖ. Најголем успех и влијание остави во Интер, каде што на 219 натпревари постигна 124 гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Овој податок открива зошто Перез сака само еден човек за нов тренер на Реал Мадрид

Реал Мадрид од следното лето ќе има ново лице на клупата, а еве зошто едно име е прв канди…