Напаѓачот на Интер, Един Џеко како што јавуваат медиумите е блиску до враќање во Премиер лигата.
Во минатото сегашниот фудбалер на Интер беше дел од Манчестер Сити, а според последните информации интерес за услугите на босанскиот напаѓач покажале, Евертон и Вулверхемптон.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Интер е спремен да се раздели со 36-годишниот напаѓач за да направи простор за Паоло Дибала кој чека разврска со играчите од офанзивниот дел на „нероаѕурите“. Капитенот на Босна и Херцеговина има договор со Интер до летото 2023 година.
Сепак, клубот веќе го извести дека нема сериозно да смета на него во новата сезона, па така и тој самиот ја прифати опцијата за заминување.
Џеко во Интер пристигна минатото лето од Рома и за клубот од Милано постигна 17 голови на 49 настапо, поделеи и 10 асистенции.