Един Џеко готово сигурно ќе ја напушти Рома во летниот преоден рок, а туските медиуми денес шпекулираат дека Босанецот би можел кариерата да ја продолжи во Фенербахче.
Причина за тоа е што босанскиот голгетер денес заедно со своето семејство пристигна во Истанбул, а турските медиуми тврдат дека е во завршни преговори со Фенербахче.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Џеко со Рома има договор на уште една годна, но клубот не сака да му понуди нов договор, па јасно е дека Џеко ќе побара промена на средината.
Италијанските медиуми вчера објавија дека Босанецот веќе се договорил со Интер и кариерата ќе ја продолжи во Милано.
На Апенините тврдат дека Џеко сигурно ќе потпише за Интер, а дека во Истанбул пристигнал туристички со своето семејство.
Сезонава 33-годишниот напаѓач постигна 14 голови и 11 асистенции на 39 натпревари во сите натпреварувања.