Eдин Џеко неодамна потпиша нов договор со Рома.
Според новиот договор Џеко на „Олимпико“ ќе остане до 2022 година, а во интервју за клупската страница зборуваше за една интересна ситуација.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Неодамна Рик Красдроп откако беше позајмен во Фејенорд ипрати жестоки критики за атмосферата во римскиот клуб.
„Таму често пати те оставаат сам…Некои играчи се шетаат пет минути после почетокот на тренингот, додека некои поминале два часа во базен. Имаше денови кога на тренингот со никого не зборуваше, секој прави што сака. Кога бев во Рома навистина бев шокиран. Како може да се работи во таква атмосфера!?“, се запраша Красдроп неодамна.
За оваа негова изјава свое мислење даде и Един Џеко кој имаше јасна порака за левиот бек.
„Видов дека некои поранешни играчи зборуваат се и сешто за тренинзите во клубот. Ако нешто сакал да каже требало тоа да го направи додека беше тука, а не кога замина. Лесно е да зборуваш кога ќе си заминеш“, истакна Џеко.
После овие зборови јасно дека Красдроп нема да се врати во Рома и после истекот на позајмицата во 2020 година.