Џек Вилшер редовно се поврзува со заминување од Арсенал, а денеска пристигнуваат информации дека Рој Хоџсон се обидува да го донесе во Кристал Палас во јануари.
„Орлите“ се најлошата екипа во лигата оваа сезона, иако работите почнаа да се подобруваат со доаѓањето на искусниот Хоџсон на клупата.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
За малку да ја размрда екипата, Хоџсон планира да го доведе Вилшер, кој оваа сезона настапи само во Лигата на Европа и Лига Купот, додека вкупно има само 22 минути во Премиер лигата.
Договорот со „Топчиите“ му истекува на лето, а неговата ситуација ја следат и Вест Хем, Свонси и Бетис.