Дома Фудбал Останато Џаро за аферата во Белгија: Каде се Србите и Хрватите таму има најмногу наместени натпревари

Џаро за аферата во Белгија: Каде се Србите и Хрватите таму има најмногу наместени натпревари

Вчера Белгија ја потресе аферата со наместени натпревари во која се споменува и Македонија, а денес во медиумите се огласи „кралот на наместените натпревар“ , Велибор Џаровски – Џаро.

Вторникот навечер белгиската полиција познатиот хрватски тренер Иван Леко кој во Белгија го предводи Клуб Бриж, покрај него беше уапсен и српскиот менаџер Стефан Вељлјковиќ кој е еден од најпознатите менаџери во белгискиот фудбал.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Популарниот Џаро тврди дека во Белгија се мести најмногу кога во прашање е Европа.

„Во Белгија се мести најмногу во Европа, затоа што најмногу играчи доаѓаа од поранешна Југославија. Тоа го зборував и пред десет години. Никаде не се мести како во Белгија. Кога Стандард изгуби од Варегем „почина“ цела обложувачка Европа“.

„Каде се Србите и Хрватите тука има најмногу наместени натпревари. И јас работев и местев со Хрватите. Гледате, белгиската полиција ја прислушкува цела Европа, имаат и тоа како модерни методи против местењето. Ако ги издвоиле Леко и Велјковиќ сигурен сум дека и двајцата имаат некаква врска со местење“, тврди Џаро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Левандовски испиша историја📷

Барселона има водство по првото полувреме против Брест во Лигата на шампиони, а стрелец на…