Дома Фудбал Радост во Барселона: Гави конечно ги обнови тренинзите

Радост во Барселона: Гави конечно ги обнови тренинзите

Талентираниот халф на Барселона, Гави, денес ги обнови тренинзите со основната група, што претставува голем чекор кон неговото враќање на теренот, соопштува „Мундо Депортиво“. Во септември, овој андалузиец повторно го оперираше десното колено, откако беше утврдено дека има оштетување на медијалниот менискус. Пред тоа, тој пропушти речиси една година поради скршена крстна врска на истото колено.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Во последните денови, Гави го зголемуваше интензитетот на тренинзите и денес за првпат се приклучи на своите соиграчи за вежби во почетокот на тренингот на каталонците. Од „Камп Ноу“ сè уште не поставиле рок за враќање на Гави на натпреварите. Тоа ќе зависи од неговиот напредок во наредните недели.

Така, по лошиот период, Ханзи Флик доби добри вести во втор ден по ред, откако вчера стана јасно дека Педри и Рашфорд целосно се опоравени и ќе се вратат во составот на Барселона за натпреварот против Леванте.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Керик остана без голема желба: Бразилецот го одби Манчестер Јунајтед и потпиша тригодишен договор

Мајкл Керик сè уште официјално не започна да го составува тимот за новата сезона, а Манчес…