Хрватскиот ракометар Анте Гаџа во интервју за медиумите во Хрватска потврди дека доаѓа во Вардар.
Иако постоеа изјави од тимот на Загреб дека Гаџа е нивни играч, сега повеќе нема дилеми.
Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓
„По заминувањето на Скубе Вардар бараше играч на мојата позиција. Се јавија кај менаџерот и ме прашаа дали сакам да потпишам за нив и јас прифатив. Кажав дека сакам да играм за нив затоа што се европски шампиони, тоа ќе биде чекор напред во мојата кариера. Се надевам дека Вардар повторно ќе биде стариот. Останаа голем дел од ракометарите и се надевам на успешна сезона“, изјави Гаџа.
Инаку, неговиот Загреб во овие моменти се соочува со финансиски проблеми.