Дома Фудбал Останато Ќе се менува ли правилото за играње со рака? Чеферин испратил писмо до Инфантино!

Ќе се менува ли правилото за играње со рака? Чеферин испратил писмо до Инфантино!

Играњето со рака се повеќе е предмет на коментирање од кога се воведе ВАР.

Од коло во коло во првенствата и Лигата на шампионите гледаме ситуации кои се спорни, а сега медиумите пишуваат дека првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин испрати писмо до првиот човек на ФИФА Џани Инфантино.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Според информациите Чеферин одлука да испрати писмо донел после дуелот помеѓу Челзи и Рен кога гостинскиот играч Далберт играше со рака, но топката се одби од Абрахам. За оваа ситуација Далберт доби втор жолт, односно црвен картон.

Во писмото Чеферин побарал да се преиспта правилото за играње со рака.

„Ваквото играње со рака е многу неправедно да се санкционира како фаул. Вакви и слични одлуки можат да донесат незадоволство во фудбалската заедница“, стои во дел од писмото.

Останува да видиме дали по оваа реакција на УЕФА, ќе реагира и ФИФА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Со Аргентина стана светски шампион во 2022 година, а денес две години е без клуб

Aргентинскиот фудбалер, Алехандро Папу Гомез (36) пред две години падна на допинг тест. Го…