Дома Топ вести Ќе дозволи ли Роналдо, Перез спремен да го продаде миленикот на Португалецот?

Ќе дозволи ли Роналдо, Перез спремен да го продаде миленикот на Португалецот?

Дали би можел тоа да го дозволи, Португалецот неколку години спречуваше расплет каков што сега се најавува.

Конечно, Кристиано Роналдо го прекина молчењето. Иако се знаеше, тој сега и официјално останува во Реал Мадрид. Португалецот за „Марка“ изјави дека се радува на стартот на новата сезона и дека наскоро ќе се приклучи на тимот.


Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓


„Одлично е да се освојуваат трофеи со тимот, но и индивидуалните признанија се важни“, порача Роналдо.

Прв пат во новата сезона Роналдо ќе го видиме на „Камп Ноу“ кога Реал Мадрид ќе игра против Барса во Суперкупот на Шпанија. Зидан нема да ризикува со него во Суперкупот на Европа кој се игра во Скопје.

Но, денешните медиуми наведуваат дека тој би можел да остане без омилениот соиграч. Имено, се зборува дека Реал е спремен да го продаде Бензема и веднаш да го доведе Мбапе, со што би започнал нов циклус, но и би направил одличен потег кога е маркетингот во прашање.

Познато е дека Перез секогаш така размислува, не вложуваше многу во последните години, но сега навивачите сакаат нови лица. Кога Мбапе би пристигнал во Бензема веднаш би бил „фрлен во оган“, а Бензема има понуди од Париз и Премиер лигата.

Се очекува Арсенал прв да застане во редот за искусниот Французин, но тешко е да се верува дека Кристиано ќе дозволи такво нешто.

Бензема е човекот кој му намести најмногу голови во кариерата, целосно е посветен на тимот, покрај тоа тие се одлични пријатели. Роналдо и Бензма се во тандем веќе осум сезони и тешко е да се верува дека такво нешто може да се промени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Кој е Александар Стефанов? Најсериозниот кандидат за наследник на Мукаетов!

Многу брзо по завршувањето на Светското ракометно првенство, фокусот на Ракометната федера…