Мемфис Депај најверојатно ќе ја напушти Барселона во зимскиот преоден рок и кариерата ќе ја продолжи во Премиер лигата.
Депај и ова лето беше на излезна врата, но сепак остана во Барселона, каде не добива голема минутажа и е во втор план.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Поради тоа сака да ја промени средината, а и Барселона сака да го продаде во јануари бидејќи на крајот на сезоната ќе замине без обештетување.
Најконкретен интерес за Холанѓанецот покажува Њукасл, кој сака да го доведе во зимскиот преоден рок.
Со оглед на фактот дека напаѓачот влезе во последната година од договорот, Барселона е спремна да го пушти за 10 милиони евра, сума која нема да биде проблем за премиерлигашот.