
Фудбалерот на Ливерпул, Александар Исак, им порача на навивачите од својот клуб дека му е тешко бидејќи ќе мора на присилна пауза, но и дека ќе направи сè за што побрзо и целосно подготвен да се врати на теренот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Исак во понеделникот успешно беше опериран и Ливерпул соопшти дека го очекува неколкумесечна пауза, иако не ги објави сите детали за повредата.
Шампионот на Англија потврди дека напаѓачот се здобил со фрактура на потколеницата, „меѓу другото“.
„Навистина сум разочаран што некое време ќе бидам надвор од теренот. Сега е време за опоравување, ќе го поддржувам тимот од страна. Ќе работам напорно за што е можно побрзо да се вратам“, рече 25-годишникот и додаде:
„Ви благодарам на сите ‘Црвени’ и на сите останати за убавите пораки – тоа ми значи навистина многу.“
Во отсутност на Исак, единствениот вистински напаѓач на Ливерпул е Хуго Екитике.
Ливерпул се наоѓа на петтото место на табелата во Премиер лигата со 29 бодови.