Дома Фудбал Манчестер Сити е фаворит за привлекување на Семењо?

Манчестер Сити е фаворит за привлекување на Семењо?

Манчестер Сити изгледа е фаворит за потписот на Антоан Семењо, додека преговорите со ганаискиот напаѓач на Борнмут се во напредна фаза.

И покрај тоа што 25-годишниот фудбалер го привлече интересот на неколку клубови од Премиер лигата, самиот тој изгледа претпочита трансфер кај „граѓаните“, што им дава очигледна предност во преговорите.

Според информации во BBC и Sky Sports, раководството на Сити планира средба со Борнмут оваа недела за финализирање на договорот. Главна тема на разговорите е начинот на исплата на трансферната сума.

Договорот на Семењо вклучува клаузула за ослободување во вредност од 65 милиони фунти, која важи до 10 јануари. Манчестер Сити се стреми да договори исплата на сумата на рати, барајќи „златна средина“ со „черешките“ за завршување на договорот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ништо од големо засилување за Спалети: Поранешниот фудбалер на Милан нема да потпише за Јувентус

Утрово заврши една од големите летни саги откако познатиот африкански фудбалер Франк Кеси …