Њукасл се вклучи во трката за потписот на напаѓачот на Реал Мадрид, Лука Јовиќ пренесуваат медиумите на Островот.
Њукасл доби богати сопственици кои имаат многу амбициозен проект и ова лето се спремни да потрошат голема сума на трансфер пазарот, а Лука Јовиќ е еден од приоритетите.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Јовиќ минатото лето за 60 милиони евра пристигна на „Сантиаго Бернабеу“ од Ајнтрахт, но не успеа да се избори за минутажа во Реал и ова лето најверојатно ќе ја промени средината.
За него интерес покажуваат неколку европски гиганти, пред се Милан, но Њукасл е спремен да испрати многу богата понуда за Србинот.
Јовиќ веќе почнал сериозно да размислува за понудата и разговарал со својот сонародник Александар Митровиќ, кој помина 3 години на „Сејнт Жејмс Парк“.