Ќе тргнат ли Кинезите повторно во акција?
Сопственикот на Њукасл Мајкл Ешли кој е сопственик на овој клуб повеќе од една деценија е спремен да го продаде клубот, а затоа и би ја спуштил цената.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Како што пренесуваат англиските медиуми, Ешли претходно бараше сума од 400 милиони фунти, но сега тој е спремен и да прифати понуда од 380 милиони.
Најконкретни претходно беа Кинезите, но во текот на летото тие не сакаа да платат 400 милиони фунти. Да потсетиме, Ешли пред нешто повеќе од десет години го купи клубот за 180 милиони фунти.
„Ако некој сака да дојде на моето место и да го финансира Њукасл, нема да му стојам на патот. Но сигурен сум дека не постојат многу луѓе кои можат тоа да го направат“, изјави првиот човек на Њукасл.
Иначе Њукасл може да се каже дека новата сезона не ја зпочна лошо, овој клуб во овој момент се наоѓа на деветото место во Премиер лигата.