Дома Трансфер зона Њукасл му нуди на богатство на Дембеле, Челзи и Јунајтед ја следат ситуацијата

Њукасл му нуди на богатство на Дембеле, Челзи и Јунајтед ја следат ситуацијата

Откако се појавија информации дека преговорите меѓу Осман Дембеле и раководството на Барселона за нов договор пропаднаа, многу европски гиганти сакаат да ја искористат ситуацијата.

Агентот на Дембеле од Барса побарал 20 милиони евра нето плата, плус 20 милиони евра бонус при потпис на договорот. Менаџерот на Дембеле не сака да чуе за помала понуда од таа што ја изнеле, истакнувајќи дека Дембеле е иднината на клубот и дека заслужува поголема плата од таа што му ја нуди Барселона.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Таквата ситуација сакаат да ја искористат неколку европски клубови, пред се од Англија. Најсилен е инетресот на Њукасл, кој нема да нема проблеми да ги исполни условите на Французинот, а клубот со најбогатите сопственици на светот ќе му даде и голем бонус при потпис на договор.

Дембеле платата која ја бара во моментов може да ја добие само во Њукасл, а приближна сума можат да му понудат Манчестер Јунајтед и Челзи, кои иста така се силно заинтересирани за него.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…