
Њукасл има сериозни проблеми да го задржи Александер Исак, најдобриот и највредниот фудбалер во тимот.
Дојде во клубот од Сосиедад во 2022 година за 63 милиони евра, а оваа сезона покажа дека е во полна форма бидејќи веќе постигна 23 гола во сите натпреварувања.
Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓
Арсенал, Ливерпул и Барселона се многу заинтересирани за неговите услуги, јасно е и зошто, а Њукасл не може да го следи нивото на плата кое другите клубови можат да го предложат за Исак.
Тој во моментов има плата од 120.000 фунти неделно, а новото зголемување би можело само да донесе и големи проблеми во играчкиот состав затоа што би станал најплатениот играч во клубот.
Тие ќе се обидат да му понудат 200.000 фунти неделно за да остане во клубот, а дополнителен мотив е евентуалното играње во Лигата на шампионите, што не е толку далечно за премиерлигашот.
Значи, Њукасл има свои адути, ќе видиме дали ќе успее да им парира на другите клубови кои се финансиски нешто посилни.