Дома Фудбал Англија Љорис останува без капитенската лента: Се извинувам од срце, ја преземам на себе целата одговорност…

Љорис останува без капитенската лента: Се извинувам од срце, ја преземам на себе целата одговорност…

Неговото однесување не го прифатија најдобро во Северен Лондон.

Како што е понзато, Уго Љорис е фатен како вози под дејство на алкохол.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Него полицијата го фати ноќта помеѓу четвртокот и петокот, зад воланот со недозволена количина на алкохол во крвта.

Мина седум часа во притвор, пред да биде пуштен со кауција, а последиците од таквото однесување почнуваат да се чувствуваат.

Имено, по бурната ноќ со своите сонардоници, Кошчелни и Жиру, Љорис поради фактот дека завршил во притвор би можел да остане без капитенската лента во Тотенхем.

Во клубот се бесни на Французинот поради ваквото однесување, во понеделник ги очекува натпреварот со Манчестер Јунајтед, а Љорис поради целата ситуација го пропушти утринскиот тренинг во петокот.

И натаму се очекува да биде во тимот за дуелот со „Ѓаволите“ на „Олд Трафорд“, но ќе мора да го убеди Маурисио Покетино дека заслужува да ја носи лентата.

„Сакам од срце да се извинам на моето семејство, клубот, моите соиграчи, тренерот и сите навивачи. Возењето во пијана состојба е неприфатливо, ја преземам потполно одговорноста за своите постапки, ова не е пример кој сакам да го поставам“, изјави Љорис.

Покетино во текот на денот ќе зборува со него, па потоа ќе донесе одлука дали Французинот ќе остане капитен. Доколку остане без капитенската лента без сомнеж таа ќе му биде предадена на Хари Кејн, кој како капитен на Мундијалот ја предводеше Англија.

И Љорис беше капитен на својата репрезентација во Русија, која на крајот ја освои планетарната смотра.

Францускиот голман е казнет од страна на клубот, со две неделни плати, што е околу 300.000 фунти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Невил убеден: На Гвардиола мора да му ветиле спектакуларни засилувања

Maнчестер Сити е во најголемата криза откако Пеп Гвардиола е во клубот, „граѓаните“ нанижа…