Манчестер Јунајтед се надева дека до крајот на неделата ќе го финализира трансферот на Френки де Јонг.
Според новинарот Фабрицио Романо, „црвените ѓаволи“ ги засилиле преговорите со Барселона нудејќи фиксна сума од 65 милиони евра плус бонуси од 10 милиони. Претходната понуда на англискиот гигант вредна 60 милиони евра веќе е одбиена.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Од „Олд Трафорд“ се оптимисти дека овојпат ќе се постигнат договор и Барса ќе каже ДА. Дури и да се случи тоа, не е јасно дали самиот играч ќе биде подготвен да игра за Манчестер Јунајтед. Тој е среќен во Барселона и му се допаѓа стилот на игра на тимот под водство на Чави Ернандез.
Покрај тоа, „црвените ѓаволи“ следната сезона нема да играат во Лигата на шампионите.
Каталонците мора да продадат барем една ѕвезда поради финансиски проблеми и се одлучија тоа да биде Де Јонг, па го притискаат Холанѓанецот да го прифати трансферот.