Дома Фудбал Јамал ја потопи „жолтата подморница“

Јамал ја потопи „жолтата подморница“

Фудбалерите на Барселона лесно го совладаа Виљареал во 17. коло на Примера (2:0), и така ја запишаа својата осма последователна победа во шпанската елита.

Избраниците на Ханси Флик го отворија резултатот во 12. минута, кога Рафинја непогрешливо ја реализираше најстрогата казна.

Потоа следеше шоуто на Ламин Јамал. Прво, Ренато Веига во 39. минута доби директен црвен картон за невнимателен старт врз суперталентираниот 18-годишник, за во 63. минута шпанскиот репрезентативец да ги згасне сите надежи на домаќините.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Taга во Милано, почина една од најголемите легенди на Интер

На 83-годишна возраст почина Сандро Мацола, една од најистакнатите фигури во историјата на…