Дома Фудбал Гвардиола ја сака ѕвездата на Баерн Минхен

Гвардиола ја сака ѕвездата на Баерн Минхен

Манчестер Сити сè уште не може да смета на Родри каков што го знаеме од пред освојувањето на Златната топка. Фудбалерот се опорави од тешката повреда, но се мачи со здравјето, па “граѓаните” сакаат да се обезбедат за иднината. 

Според “TEAMtalk”, Манчестер Сити сака да го доведе Александар Павловиќ од Баерн. Овој 21-годишник има важечки договор со Баварците до летото 2029 година.

Потенцијален проблем за Сити е тоа што Баерн нема причина толку лесно да се откаже од младиот фудбалер. Освен Сити, заинтересирани се и Манчестер Јунајтед и Челси.

Александар Павловиќ оваа сезона има одиграно 21 натпревар за Баерн и забележал по еден гол и асистенција. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ништо од големо засилување за Спалети: Поранешниот фудбалер на Милан нема да потпише за Јувентус

Утрово заврши една од големите летни саги откако познатиот африкански фудбалер Франк Кеси …