Дома Фудбал Првите вести за повредата на Исак: „Сериозно оштетување на ногата“

Првите вести за повредата на Исак: „Сериозно оштетување на ногата“

Од Ливерпул пристигнуваат првите информации за повредата на Александер Исак. И не се охрабрувачки.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Иако се уште се чекаат резултатите од магнетната резонанса, „Ливерпул Ехо“ пишува дека напаѓачот на „црвените“ го очекува долга пауза, бидејќи се работи за значително оштетување на долниот дел од ногата.

Резултатите треба да бидат објавени во понеделник, но според снимката, Швеѓанецот има сериозна повреда на зглобот на левата нога при постигнувањето на голот на гостувањето против Тотенхем.

Менаџерот Арне Слот треба да се обрати на медиумите во вторник, пред натпреварот против Вулвс на 27 декември, кога ќе може да даде поконкретни информации за состојбата на својот напаѓач. Исак против Спарс го постигна својот трет гол во дресот на Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Најемотивната приказна од Светското првенство: Солзи на теренот, поглед кон небото и гол кој му го посвети на својот најголем заштитник /ВИДЕО/

Мексико ја отвори својата кампања на Светското првенство со победа против Јужна Африка (2:…