Манчестер Јунајтед ја одбил понудтаа на Севиља за позајмица на Антони Марсијал, тврдат медиумите на Островот.
Проблемот е во условите кои ги предложил шпанскиот клуб. Имено, Севиља не само што не сака да плати за позајмицата, туку бара да ја плаќа само 50% од платата на фудбалерот која изнесува 180.000 фунти неделно.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Јунајтед не се согласува да ја плаќа половината од платата на Марсијал, па ја одбил понудата.
Самиот Марсијал побара од клубот да му биде дозволен трансфер, Јунајтед очекува понуди и е спремен да го пушти на позајмица со право на откуп.