Двата гиганти од Манчестер се силно заинтересирани за дефанзивецот на Виљареал, Пау Торес, пренесуваат медиумите на Островот.
Раководството на „црвените ѓаволи“ веќе започнало преговори со 23-годишниот Шпанец. Виљареал пак е спремен да го пушти Пау Торес доколку пристигне добра понуда во зимскиот преоден рок.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Торес се етаблираше во еден од најперспективните дефанзивци во Европа и веќе има 7 настапи за шпанската репрезентација.
Цената на Торес во моментов изнесува 40 милиони евра, сума која англиските клубови се спремни да ја платат, но треба да ја победат конкуренцијата.
Имено, за Пау Торес силен интерес покажува и Реал Мадрид, кој во него гледа идеален наследник на Серхио Рамос.