Дома Фудбал Англија „Јунајтед секогаш игра офанзивно“ – рече Мурињо и заигра вака!(фото)

„Јунајтед секогаш игра офанзивно“ – рече Мурињо и заигра вака!(фото)

„Ќе останам лојален на офанзивната филозофија на игра по која е познат Манчестер Јунајтед веќе десетици години“, порача Мурињо кога го преземаше клубот од „Олд Трафорд“ иако е тренер кој има репутација на „деструктивец“.

На навивачите на Јунајтед им беше доста од Ван Гал и Мојс, па поради тоа скептично го дочекаа Мурињо, кој веднаш по доаѓато ги убедуваше дека ќе ја врати играта од славните денови на Алекс Фергусон.


Но, доколку судиме по тоа како го заврши последниот натпревар во Премир лигата против Мидлзборо, тогаш ќе заклучиме дека „Специјалниот“ малку лаже.

Кај претпоследниот тим од лигата Јунајтед водеше со 2:0 се до 77-та минута кога домаќините постигнаа гол за 2:1, што за Мурињо беше сигнал дека мора да заигра нов тип на „бункер“ 7-2-1, што можете да го видите на сликата.

Целта ги оправдува средствата….Јунајтед победи и си замина со трите бода!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Гвардиола не трпи порази: Манчестер сити ќе ангажира брутални засилувања

Манчестер Сити ја игра својата најслаба сезона откако Пеп Гвардиола стана менаџер на тимот…