Дома Фудбал Јунајтед и трет натпревар без победа во Лига Европа

Јунајтед и трет натпревар без победа во Лига Европа

Фенербахче и Манчестер Јунајтед одиграа 1:1 во Истанбул во Европската лига. „Црвените ѓаволи“ не забележаа победа во Лига Европа ниту во третиот обид. По ремито против Твенте и Порто бод освои и против Фенербахче играјќи 1:1.

Јунајтед поведе во 15. минута со голот на Кристијан Ериксен, но турскиот тим израмни во 49. минута со голот на Јусеф Ен-Несири.


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Во 59. минута домашните побараа пенал по еден дуел на Угарте со Осаи-Самуел, но францускиот судија Турпин не покажа на белата точка, туку поради приговори го исклучи Жозе Мурињо на клупата на Фенер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Натпреварот Болоња Милан сепак може да се одигра, понудени се две опции на домаќинот

Натпреварот помеѓу Болоња и Милан кој треба да се игра викендов се доведе во прашање порад…