Давид Де Геа ќе стане најплатениот голман во светот, откако постигнал договор со Манчестер Јунајтед за нов долгорочен договор, пренесуваат англиските медиуми.
Де Геа ќе стане убедливо најплатениот голман во историјата на фудбалот, бидејќи Јунајтед се согласил да му обезбеди неделна плата од 375.000 фунти и така да заврши сагата околку неговата иднина.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Актуелниот договор на Шпанецот истекува следното лето, па постоеше сериозна опасност Јунајтед да го загуби голманот без обештетување.
Двете страни долго време водеа преговори за нов договор и на крајот најдоа заеднички јазик. Новиот договор ќе биде потпишан официјално по враќањето на тимот во Англија од предсезонските подготовки.
Шпанецот во Јунајтед е од 2011 година, кога дојде од Атлетико Мадрид, минатата сезона одигра 47 натпревари, а во 10 од нив не прими гол.
David De Gea is set to become the highest paid goalkeeper in the world and sign a new long-term contract at Manchester United, worth £375,000-a-week. (Source: Daily Mirror) pic.twitter.com/JSI2bYKO3x
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) July 15, 2019