Дома Топ вести Јунајтед веќе бара нов голман – испрати прва понуда!

Јунајтед веќе бара нов голман – испрати прва понуда!

Манчестер Јунајтед го сака голманот на Олимпик Марсеј, Ахмаду Диа и е спремен да му понуди четиригодишен договор, пренесува „Екип“.

20-годишниот голман веќе подолго време е следен од скаутите на „црвените ѓаволи“, кои биле импресионирани од неговите квалитети.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед е спремен да го донесе Диа на „Олд Трафорд“, но голманот се уште не игра за првиот тим, па поради тоа не се смета за евентуален наследник на Давид де Геа.

Сеуште постои шанса Давид де Геа да го напушти клубот ова лето, бидејќи двете страни не можат да најдат заеднички јазик околу продолжувањето на договорот.

Младиот голман ќе биде слободен агент на крајот на сезоната, па „црвените ѓаволи“ имаат шанса да го донесат без обештетување, па веќе му предложиле четиригодишен договор.

Што се однесува до Де Геа, шпанскиот голман не сака ништо да одлучи пред да заврши сезоната. Ако Јунајтед се пласира во ЛШ тој најверојатно ќе го продолжи договорот, а ако до тоа не се случи, можно е да го напушти клубот.

Интерес за неговите услуги покажува Пари Сент Жермен, кој веќе спремил богата понуда за Шпанецот, но и Јувентус, кој сака во своите редови да го има еден од најдобрите голмани во светот.

Де Геа изминатите години се поврзуваше со Реал Мадрид. Трансферот дури беше и договорен, но доцна испратените документи го вратија Шпанецот од авионот за Мадрид.

Сепак, се чини дека после осум години сега може да дојде до крај на соработката. Де Геа не се откажува од барањето за плата од 500.000 фунти неделно и тоа прилично ги отежнува преговорите. Понудата на тимот од „Олд Трафорд“ која моментално е на маса изнесува 350.000 фунти неделно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

„Бомба“: Еден од најголемите ривали на Ѓоковиќ стана негов тренер!

Новак Ѓоковиќ го потврди својот нов тренер и тој е големо изненадување. Имено во подготовк…