Ал-Етифак нема да успее да го дведе Џејдон Санчо од Манчестер Јунајтед поради затворањето на трансфер пазарот во Саудиска Арабија.
Клубот кој го води Стивен Џерард направи сериозни обиди да го доведе Санчо, откако тој влезе во расправија со Тен Хаг.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа, Ал Етифак испрати само понуда за позајмица и не успеа да се договори со Манчестер Јунајтед.
„Црвените ѓаволи“ бараа задолжителен откуп од 50 милиони фунти, сума која клубот не сакаше да ја плати.
Поради затворањето на преодниот рок преговорите не можат да продолжат и трансферот сигурно нема да се реализира.