Дома Фудбал Италија Јувентус ќе биде без Киеза во Лигата на шампионите

Јувентус ќе биде без Киеза во Лигата на шампионите

Италијански „Тутоспорт“ пренесува дека Јувентус нејаверојатно нема да го пријави Федерико Киеза за Лигата на шампионите.

Киеза заработи тешка повреда во јануари кога скина лигаментите во натпреварот кој Јувентус го доби со 4:3. Иако веќе помина осмиот месец во Јувентус се уште немаат точен датум кога Италијанецот ќе биде спремен.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


На вчерашната прес-конференција Масимилијано Алегри истакна дека би биле среќни ако Киеза се врати пред почетокот на Светското првенство во Катар.

Поради ваквата ситуација Јувентус најверојатно ќе го изостави Киеза за групната фаза од најелитното европско натпреварување. Новиот список за нокаут фазата се доставува во јануари и тогаш би требало да биде вметнат и Киеза.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Навивачите на Барса бесни на скапата ѕвезда: Оди си од клубот📷

Навивачите на Барселона на социјалните мрежи испратија серија на критики кон еден играч, и…