Дома Трансфер зона Јувентус ја сака младата ѕвезда на Милан

Јувентус ја сака младата ѕвезда на Милан

Италијанските медиуми пренесуваат дека Јувентус е заинтересиран за младата ѕвезда на Милан, Рафаел Леао.

Леао минатото лето пристигна на „Сан Сиро“ за 30 милиони евра како голем талент и уште во првата сезона го покажа својот потенцијал.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Јувентус сака да го донесе 21-годишниот Португалец во Торино и веќе стапил во контакт со неговиот агент Жорге Мендеш.

„Бјанконерите“ се спремни да понудат 40 милиони евра за потписот на Леоа или трампа со Бернардески.

Меѓутоа, Милан не сака да слушне за продажба на својот „бисер“ и јасно порачал дека во Леао гледа играч на кој ќе се темели нападот на тимот во наредните години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…