Актуелниот шампион на Италија, Јувентус на лето повторно ќе пазарува од Рома, и тоа по добро познат рецепт.
„Бјанконерите“ пред три години ја активираа откупната клаузула за Мирален Пјаниќ и го донесоа во Торино, а сега сакаат истото да го направат со Костас Манолас.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
27-годишниот грчки репрезентативец е на мета на неколку европски гиганти, но наводно преферира да остане во Италија и е спремен да му каже ДА на Јувентус.
„Старата дама“ на лето ќе прави реконструкција и подмладување на одбраната. Де Лихт е блиску до трансфер во Барселона, Варан е скоро „невозможна мисија“, па ќе се насочи кон Манолас.
Јувентус е спремен да ја активира откупната клаузула во договорот на Манолас која изнесува 36 милиони евра, па останува уште да ги договорат личните услови со дефанзивецот.
Покрај Манолас, Јувентус е заинтересиран уште и за младата ѕвезда на Рома, Николо Заниоло за кого се спремни да понудат 60 милиони евра.