Италијанските медиуми пренесуваат дека Јувентус е сериозно заинтересиран за играчот на Баерн Минхен и француски репрезентативец, Корентин Толисо.
25-годишниот играч за врска минатата сезона подолго време беше надвор од терените поради повреда на коленото, оваа сезона често добива шанса за настап, но Баерн е спремен да го стави на продажба на крајот на сезоната.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Толисо пристигна на „Алијанц Арена“ во 2017 година од Лион за 40 милиони евра, а Баерн планира да ја врати приближно вложената сума.
Јувентус сака да ја искористи ситуацијата и да го донесе Французинот во Торино, бидејќи Сари е голем симпатизен на неговата игра.