Јувентус внимателно ја следи ситуацијата околу голманот на Манчестер Јунајтед, Давид Де Геа.
28-годишниот голман одамна е желба на Јувентус. Договорот на Шпанецот со Јунајтед истекува следното лето и изгледа дека тој нема желба да го продолжи. Тоа ќе му овозможи на Јувентус да го доведе како слободен трансфер без да плати ниту едно евро.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Де Геа пристигна на „Олд Трафорд“ во 2011. година од Атлетико Мадрид. Во последните осум сезони тој стана клучна фигура за „Црвените ѓаволи“, запиша 366 натпревари во дресот на Јунајтед и има 129 натпревари без примен гол. Тој му помогна на Јунајтед да освои многу трофеи, вклучувајќи ги титулите во Премиер лигата, ФА Купот, Лига Купот и Лигата на Европа. Голманот повеќе пати беше избран за најдобар играч во клубот на сезоната.
Де Геа сега не се чувствува пријатно на „Олд Трафорд“ и сака да најде нов предизвик. Евентуалното заминување во Јувентус нема да биде големо изненадување, бидејќи „Бранконерите“ имаат сериозни амбиции секоја година, како на домашна сцена, така и во Европа.