Италијанските медиуми тврдат дека играчот за врска на Севиља, Стивен Нзонзи постигнал комплетен договор со Јувентус.
Исто така и шпанскиот весник „АС“ тврди дека големи се шансите Нзонзи од следната сезона да биде член на актуелниот италијански шампион.
Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓
Овој 28-годишен фудбалер наводно ги договорил сите детали со Јувентус, а „старата дама“ на лето ќе ја активира откупната клаузула која изнесува 30 милиони евра.
Раководството на „бјанконерите“ смета дека Нзози ќе биде вистинско решение за средниот ред, бидејќи имаат потреба од играч со неговите карактеристики.
Покрај Нзонзи, Јувентус сака да го донесе и францускиот репрезентативец од Лион, Толисо за кого веќе спремиле понуда од 40 милиони евра.