Дома Топ вести Јувентус предлага трампа Роналдо – Нејмар

Јувентус предлага трампа Роналдо – Нејмар

Јувентус планира да му понуди трампа на ПСЖ помеѓу двете големи ѕвезди, Кристиано Роналдо и Нејмар.

Италијанските медиуми тврдат дека Јувентус сака да се ослободи од Роналдо и на негово место да донесе нова ѕвезда, а на врвот на листата желби е Нејмар.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поради тоа спремни се да му понудат на ПСЖ размена. Договорот на двајцата фудбалери истекува во 2022 година и двајцата заработуваат по 31 милион евра по сезона.

„Бјанконерите“ се спремни да понудат и плус пари, со оглед на фактот што Роналдо е неколку години постар од Бразилецот.

Сепак, тешко е да се поверува дека ПСЖ ќе прифати ваква трампа и последните информации се дека планира да му понуди нов договор на Нејмар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал се вклучи во трката за Бруно Гимараеш

Реал Мадрид се вкучи во трката за потписот на плејмејкерот на Њукасл, Бруно Гимараеш. 26-г…