Јувентус е силно заинтересиран за ѕвездата на Манчестер Јунајтед и англиски репрезентативец, Џејдон Санчо.
Откако се договори трансферот на Федерико Киеза во Ливерпул, „бјанконерите“ ги интензивираа преговорите за трансфер на Санчо.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Санчо минатата сезона ја помина на позајмица во Борусија Дортмунд, каде ја оживеа кариерата, но нема намера да остане во Манчестер Јунајтед.
Интересот на Јувентус е најконкретен, а и самиот фудбалер е отворен за преселба во Серија А. „Старата дама“ ќе се обиде да го доведе на позајмица со право на откуп.
👀⚪⚫⤵️ https://t.co/AjELlJ9TZn
— Rudy Galetti (@RudyGaletti) August 28, 2024